Носи синџири од кило злато и гаќи од 188 евра: Целиот регион зборува за Шенки Верчасе кој е опседнат со италијанскиот бренд

|

Се слика како Сулејман Величествениот, а во неговата куќа сѐ е „Версаче“, дури и тој самиот! Пред неколку години купи луксузна вила во Белград за 4 милиони евра, а важи за еден од најбогатите Албанци на Балканот, пишуваат медиумите во Србија.

Сигурно сте слушнале за Шенки Маслани – „Версаче“, кој е роден во Арачиново или барем сте виделе една негова фотографија на која го покажува својот богат и горд начин на живот. За да го запознаат помладите генерации, Шенки се погрижил да отвори профил на ТикТок. И се чини, барем според објавите, тој продолжил да го води својот животен стил.

Имено, тој се слика како Сулејман Величествениот, во куќата има се од програмата на „Версаче“, вклучително и гардеробата, а околу вратот носи златни синџири, од кои некои, судејќи по сликите, тежат околу еден килограм, ако нѐ и повеќе. Поради сето горенаведено, тој важи за еден од најбогатите Албанци на Балканот.

Тој зборуваше на специјално дизајниран стол, обложен со злато, на кој пишуваше „Крал“.

– Брендот Версаче го сакам од 2009 година. Имам куќа во селото Арачиново, овде во близина на Скопје, и целата е брендирана со брендот Версаче – вели Шенки чии автомобили се дури и брендирани со оваа марка.

Мојата облека е секогаш од Версаче. Гардеробата ја добивам во Италија и Белгија. А златото што го имам е цело со печат на Версаче, а имам околу пет килограми таков брендиран накит – додава тој.

Инаку, Шенки поседува повеќе од 400 пара патики од овој бренд, па има посебни простории за нив.

Го запознаа и белграѓани, кога пред извесно време купи луксузна вила за која искешира околу 4 милиони евра.

Поточно, кога се работи за луксузни автомобили, куќи, станови, скапи ентериери, тој не штеди ни денар.

Секој автомобил е персонализиран за него, а на него има препознатливи шари на „Версаче“. Тој троши големи суми на долна облека, а еден пар гаќи наводно го чини 188 евра.

Пред неколку години зборуваше и за Србите и Србија.

– Ништо, Србија е убава, нејзината природа те остава без здив, па ќе имам каде да се одморам. Секако, поважни ми се убавите девојки и ноќниот живот на Белград. Затоа решив да најдам куќа во која ќе можам да ги организирам најдрските забави кои Србите некогаш ги виделе – објасни Шенки.

Мојот накит, козметика, постелнина, теписи, завеси, садови… Нема апсолутно ништо што не е брендирано. Затоа кафулето што планирам да го отворам ќе биде украсено во стилот на препознатливото лого на „Версаче“ – изјави Шенки Маслани, познат како Версаче пред шест-седум години.

На крајот тој сон се оствари, кога Шенки во Скопје го отвори своето кафуле кое го носи името на познатиот италијански бренд. Исто така, судејќи по видеата на неговиот профил, тој стана татко на три деца, на кои без резерва им дозволува да уживаат во раскошот што го поседува.