НОВА МАКЕДОНСКА ИГРАНА СЕРИЈА „ГЕНЕРАЦИЈА БУШАВИ!

ИЗВОРСкопје24
|

Ние сме група на млади креативци кои во скоро време основаа филмска продукција.

Веќе четири години работиме на проект, ТВ-серијал наречен „Генерација бушави“. Проектот е финансиски поддржан од Комисијата на Европската Унија (EU WITH YOU), како дел од нивните проекти за млади.

Серијата обработува повеќе теми, неколку од нив се бурниот живот на младите во кој пристапот до наркотици е лесен, злоупотреба на моќ и секојдневието на еден тинејџер. Серијата има уникатна структура, односно има шест епизоди од кои  првите четири претставуваат самостојни приказни кои се поврзуваат во петтата и шестата епизода.

Ќе ни претставува огромна чест и задоволство доколку не почестите со вашето присуство на ПРЕМИЕРАТА на „Генерација Бушави“ која ќе се оддржи на 10ти Август во Кино Милениум со почеток во 20:00 часот каде што ќе бидат прикажани првите две епизоди.

Се надеваме на вашето присуство и поддршка на младите во реализацијата на една успешна промоција.