Објасни како треба да изгледа светска ѕвезда: Ким повторно во ист стил на Карлеуша

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Јелена Карлеуша поставува стандарди во модата и кога се во прашање странските познати личности.

Имено, како што и самата изјави неодамна, старлетата Ким Кардашијан целосно го ископирала нејзиниот стајлинг, кога носела сребрен костим за капење и дизајнерски, необични очила за сонце.

Ким објави серија нови фотографии на кои неодоливо потсетува на Јелена, па дури и носи руса перика, а Карлеуша мораше да се изјасни кога се појави веста во странските медиуми.

– Порака до странските медиуми: Не, ова не сум јас, но морав двапати да погледнам пред да потврдам. Не знам зошто се случува ова и дали Ким е мојата одамна изгубена сестра… но тоа е многу чудно – напишала Карлеуша и додала емотикон од вонземјани.

Да потсетиме, ова не е прв пат Ким да ја копира Карлеуша, дури во една прилика ја спомена.