Од утре се укинува бесплатниот автобуски превоз во ЈСП за пензионерите, учениците и студентите

ИЗВОРСкопје24
|

Од утре се укинува бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во Скопје. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека одлуката е донесена поради препораките на Владата за заштита од коронавирусот, пензионерите да не се возат со автобусите од јавниот превоз. Исто така пензионерите нема да можат да се возат бесплатно и на жичницата на Водно.

Покрај за пензионерите нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз.

„Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот. Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, сè до наредните препораки“, велат од ЈСП „Скопје“.

Пензионерите со одлука во времето кога градоначалник беше Коце Трајановски се возат бесплатно во вторник, петок, сабота и недела.