Oва е вистинскиот доктор на пејачот: Тома доаѓаше во болница кога сакаше и си заминуваше кога сакаше

|

Покрај главниот лик најголем интерес во филмот „Тома“ имаше за неговиот доктор кој секаде одеше со него и станаа добри пријатели.

Некои делови во филмот се додадени, но некои се вистинити. Иако се пишуваше дека всушност ликот на згодниот доктор е измислен, тој постоел и многу од случките во филмот поврзани со него се вистинити.

Неговата сопруга истакна дека тој имал дури 5 доктори кои се грижеле за неговото здравје и кои многу го сакале, но сепак ниту еден од нив не го придружувал на концертите и патувањата, а и неговата Лилјана сепак е измислена.

Всушност песната „За Лилјана“ е посветена на поранешната сопруга на режисерот Бјелогрлиќ.

Докторот кој го лечел Здравковиќ се викал Дејан Елаковиќ од Клиниката за урологија.Тој вели дека добро го познавал Тома и дека музиката му била се во животот.

– Го сакаше тој живот, ја сакаше музиката. На почетокот не знаев кој е тој, но подоцна се запознавме кога доаѓаше на прегледи. Сите го сакаа на Клиниката, и пациентите и персоналот. Иако боледуваше од ту*ор на бешиката тој не придаваше на тоа големо значење и си го живееше нормално животот. Иако го предупредувавме, тој доаѓаше во болницата кога сакаше и си заминуваше кога сакаше. Си го живееше животот – раскажува докторот.