„Ова ми се случи првпат во кариерата“: Цеца требаше да направи концерт, но по дојава ситуацијата излегла од контрола

|

Светлана Цеца Ражнатовиќ во сабота требаше да настапи во Швајцарија, но дојава за бо мба ја спречи во тоа.

Како гром од ведро небо одекна веста дека концертот, кој требаше да се одржи во Швајцарија во саботата вечерта, е откажан поради за кана од бо мба. Цеца пред инцидентот откри дека ова ѝ се случува првпат во нејзината долга кариера.

-Ова е првпат во мојата кариера да има дојава за бо мба. Пред мене настапи Прија, па Лазиќ. Сите чекавме да се смири ситуацијата – изјави пејачката за српски Телеграф.

Да потсетиме, медиумите претходно објавија дека во градот Дитикон требало да настапат Александра Пријовиќ, Дарко Лазиќ, Светлана Цеца Ражнатовиќ, како и раперите Стефан Ѓуриќ Раста, Игор Паниќ Нучи и Михајло Веруовиќ Војаж, но ситуацијата излегла од контрола.