Ова се 5те најплатени професии во Македонија: Можат да ви донесат голема заработувачка

ИЗВОРскопје24
|

Во Македонија според статистиката просечната плата е во пораст. Забележано е зголемување на платата од 1049 денари во декември, односно биле исплатени 26.836 денари како просечна нето плата по вработен во истиот месец.

Се поставува прашањето кои се најплатените професии во Македонија?

На прво место, односно на врвот се програмерите. Тие може да се пофалат со највисока плата која во декември изнесувала 96.332 денари. Втора најплатена професија во нашата држава е восдухопловството каде контролорите на летање во последниот месец од 2019 година земале плати над 70 илјади денари.

Следна професија се вработените во секторите производство на основни фармацевтски производи чии плати според Државниот завод за статистика биле 69.911 денари.

Со повисоки плати може да се пофалат и оние кои работат во финансиски и услужни дејности, но и вработени во телекомуникацискиот бизнис. Во овие две дејности платите во декември биле 65.885 денари односно 62.066 денари.