Пиволенд се враќа во Скопје – повеќе од 50 уметници ќе настапат

ИЗВОРСкопје24
|

На плоштадот Македонија од 31 август до 4 септември, на две сцени ќе настапат повеќе од 50 уметници.

 

Ареа, Архангел, Темпера, Бени и Нон Стоп, ДНК, Игор Џамбазов, Фолтин и многу други веќе се потврдени на официјалната страница на настанот, додека Поточиња ќе настапуваат за најмладите.

Пиволенд под тоа име за последен пат се одржа во 2017 година на Калето. Тоа беше десетто издание на настанот.