Подобрување на финансиската ситуација за лавовите, пријатни настани за јарците – Дневен Хороскоп (05.04.2022)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

Долго им одолевавте на импровизациите и ги форсиравте своите идеи. Сега кога туѓото решение е најнеповолно, вие морате да го прифатите. Мирот и спокојот ќе ги најдете во љубовта.

Бик (21.04 – 21.05)

Љубовниот живот ќе ви биде во центар на вниманието. Главна тема ќе ви бидат лагите и премолчувањата, без оглед дали се ваши или на партнерот. Ќе бидете во непријатна ситуација и нема да можете да и се посветите на работата.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Кога никој нема да знае како понатака, на вас ќе ви дојде спасоносна идеја. За да ја сочувате хармонијата подготвени сте да дадете се од себе. Бидете рационални не ги преценувајте вашите способности.

Рак (22.06 – 22.07)

Наизглед мирниот ден може да се претвори во фијаско, особено ако се обидете да импровизирате нешто што не би смееле да го правите. Во љубовта ситуацијата станува напната.

Лав (23.07 – 22.08)

Ве очекуваат добри вести за значителен паричен приход, но ќе следат и трошоци. Со подобрувањето на финансиската ситуација ќе се подобри и вашето расположение, па тоа позитивно ќе се одрази и на љубовниот живот.

Девица (23.08 – 22.09)

Самодовербата ви е од голема помош кога станува збор за извршувањето на задачите во зададениот рок. Вашата директност не и е пријатна на околината, но на вас ви помага. Во љубовта ситуацијата е стабилна.

Вага (23.09 – 22.10)

Не сте доволно упорни. Веднаш при првата пречка вие се откажувате, а успехот е токму тоа, да се снајдете во тешките ситуации. Пред повторно да се откажете од нешто, добро размислете.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Во вашиот љубовен живот се гледа почетокот на една нова фаза. Ќе бидете полни со енергија, па денешните обврски нема ниту да ги забележите. Дадете си и малку време за одмор.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денот ќе ви биде обележан со тензични ситуации кои ќе ви предизвикаат голем стрес. Сведете ја нетрпеливоста на минимум за да избегнете поголеми невољи, особено кога станува збор за односот со шефот или вашиот партнер.

Јарец (22.12 – 20.01)

Соберете ги нештата што сте ги направиле во изминатиот период, резултатот ќе ве направи горди. Стимулот од пријателите и семејството дополнително ќе ве поттикне. И во љубовта ви претстојат пријатни настани.

Водолија (21.01 – 19.02)

Расположението ви расте, свесни сте дека можете да сметате на голема поддршка од пријателите бидејќи сте го заслужиле тоа. Ве очекуваат пријатни моменти и мали изненадувања кои ви ги подготвува партнерот.

Риби (20.02 – 20.03)

Денес можно е да навлезете во расправија на работното место која навистина ќе нема крај. Нема да знаете чија страна да заземете. Премолчете некои нешта со цел ситуацијата да не ескалира во вистински проблем. По напорниот ден најдете време за одмор.