Погледнете колку е лесно да се украдат пари од кредитна картичка

Сакале или не, бесконтактните картички се најмодерното средство за плаќање. Ќе ги сочувате нервите така што нема да внесувате пинови или да чекате додека се брзате.

Но, изгледа дека овие картички носат и огромен ризик за крадење на Вашите пари. Маж по име Мајк Ли го докажа тоа во една видео снимка со која покажува колку е лесно да се украдат пари од бесконтактна картичка.

Видеото кое го објави на социјалните мрежи покажува како Мајк со читач за кредитни картички се приближува кон маж на кој за три секунди успева да му земе пари од неговата сметка.

Cards in wallets upto 30 quid contactless gone in a second .share with young un's

Gepostet von Mike Lee am Dienstag, 24. Juli 2018

Иако можеби ќе помислите дека оваа проневера ќе ја откриете на крајот на месецот, крадците го решија и тој проблем, пишува Ladibible.

Имено, тие нема да украдат голема сума на пари, така што од повеќе луѓе ќе украдат минимална сума на пари со што до крајот на месецот нема ни да знаете на што сте ги потрошиле тие пари и едноставно ќе речете – заборавив, а тие до крајот на денот ќе ја исполнат потребната квота.

Инаку како што пишувавме веќе, банкарските картички кои овозможуваат плаќање со пинови и чипови наскоро може да станат историја, како дел од плановите да се воведе побезбеден начин на купување пишува британски Mirror.

Новите биометриски картички ќе функционираат на принцип на отисок од прст, благодарение на вградената технологија за скенирање на отпечатоци. Сè што ќе треба да напават корисниците е да отидат во банка и да остават отпечаток од показалецот, а тој ќе се регистрира на платежната картичка и така никој не ќе може да ја користи истата без дозвола на сопственикот.

Технологијата за скенирање на отпечатоци се придвижува од магнетното поле на терминалот за плаќање, па така продавниците дури и нема да мораат да ги заменат своите машини, односно за разлика од промоцијата на безконтактните картички, биометриските картички ќе работат со постојните платежни терминали.

Банките се одлучија на овој чекор поради зголемениот број на украдени или пробиени картички. Само минатата година хакерите и сајбер криминалците успеале да украдат над една милијарда евра.

Плаќањата со банкарски картички е во нагорен тренд и се очекува до 2027 година тоа да биде најкористениот начин на плаќање.

Дали со ова ќе се обезбеди целосна заштита за корисниците или пак сепак ќе има одредени пропусти кажува случајот кои го детектираа експертите за безбедност од компанијата Proofpoint кои објавија дека детектирале нов вирус – Vega Stealer, кој им се заканува на корисниците на Google Chrome и други популарни пребарувачи.

Со помош на малициозен софтвер, сајбер-криминалците крадат податоци од банкарски картички и други важни информации. Vega Stealer е модифицирана верзија на вирусот August Stealer откриен во декември 2016 година.

Се дистрибуира преку е-mail и испраќа паразити на зачуваните лозинки, документи и доверливи информации на Google Chrome, Firefox, Skype и Opera. Често вирусот доаѓа во порака од некоја голема компанија со прилог во форма на документ “short.doc”.

Вториот вклучува малициозни макроа кои го отвораат Vega Stealer. По инфицирањето на компјутерот, вирусот ја скенира работната површина на жртвата, краде важни податоци и ја испраќа до напаѓачите на далечински сервери. Експертите уште еднаш ги советуваат, корисниците да бидат внимателни кога отвараат непознати и сомнителни mail пораки.