Приведени крадци од Куманово, одземеното вратено на сопственикот

ИЗВОРСкопје24
|

На 21.06.2022 околу 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.Р.(33) и Р.Р.(26), двајцата од Куманово.

Тие се сомничат дека истиот ден извршиле кражба од приватен имот во с. Доброшане, кумановско, при што одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.