Променливо облачно време со слаб локален дожд

|

Денеска времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд.

Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.