Реал Мадрид тргнува по Елиф Елмас

Македонскиот дијамант и мегаталент Елиф Елмас е на листата помеѓу 5 најталентирани млади европски играчи кои треба во иднава година да го засилат шпанскиот гигант.

Како што се дознава првиот е веќе договорен. Станува збор за Брахим Дијаз, младиот играч на Манчестер Сити кој не сака да го продолжи својот договор со англискиот првак. Втор на оваа листа е нашиот Елмас за кого Реал Мадрид е подготвен да одвои 20 милиони евра. Првите 5 ќе бидат платени веднаш по потпишувањето на договорот, додека останатите 15 ќе бидат исплатени по првиот настап на Елиф за првиот тим на Реал Мадрид.  Елиф Елмас има петгодишен договор со Фенербахче и отштетна клаузула од 23 милиони евра. Се наметна како стандарден првотимец оваа сезона кај Филип Коку, но и кај неговиот наследник на клупата, Ервин Куман.

 

Скаутите на Реал го пратат подолго време нашиот фудбалер, и добро се запознаени со неговите квалитети. Слична понуда како оваа имаше и Мартин Одегард кој на 16 години потпиша за Мадридскиот гигант, но неговата кариера не одеше по посакуваниот тек. Веднаш беше позајмен на прволигашот од Холандија, Витесе.

За услугите на Елиф Елмас се заинтересирани и други европски „големци“ како ПСЖ, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Рома и други.

Пред да замине во Турција, Елмас младинската кариера ја помина во Работнички и дебитираше за А тимот на само 16 години и 3 дена. И покрај интересот од други големи тимови Елмас ја прифаќа понудата на Фенербахче и потпишува 5 годишен договор со турскиот гигант. На Работнички му беа исплатени 180.000 евра за македонскиот играч. Своето деби за Фенербахче елмас го има на 21 јануари 2018 година против Трабзонспор. Кога станува збор за репрезентативната кариера Елмас ја има претставувано Македонија и за младинските репрезентации под 16, под 17, под 18, под 19 и под 21 година. Своето деби за сениорскиот тим на репрезентацијата на Македонија го има на 11 јуни 2017 година против репрезентацијата на Шпанија во Скопје.