Рецепт: Вегански сладок леб во кој децата ќе уживаат

|

Го знаете ли чувството кога сакате да јадете нешто слатко, но не сте расположени за чоколадо, сладолед или колачи? Да, сигурно! Тогаш ви треба нешто за грицкање додека гледате филм или серија, а што можете да го јадете за појадок или ужина следниот ден.

Слаткиот леб е идеален за такви моменти, но што ако сте веган, не можете да јадете јајца или само сакате да исфрлите некоја храна од исхраната?

Веганската верзија на ова задоволство е исто толку вкусна како и обичната верзија, а ние ви презентираме рецепт за сладок леб што ќе сакате да ги правите повторно и повторно и повторно…

Вегански сладок леб од тиква – Повеќе не мора да ја чекаме есента за да јадеме јадења од тиква бидејќи можеме да ги најдеме во речиси секоја бакалница.

Слаткиот леб од тиква едноставно ќе ве воодушеви со својот вкус и изглед!

Состојки: 250 гр брашно, 200 гр нерафиниран кафеав шеќер, 337 гр пире од тиква, 60 мл сончогледово масло, половина кафена лажичка ѓумбир, половина кафена лажичка мелено каранфилче, половина кафена лажичка морско оревче, 1 лажичка кардамон, прстофат сол, 1 лажица чиа семе

Подготовка: Тиквата исчистете ја и исечкајте ја на коцки и ставете ја да се свари. Кога ќе биде готова, претворете ја во каша со блендер или изгмечете ја во форма на пире. Во помал сад измешајте ги семките чиа и три лажици вода и оставете малку да набабри. Чиа семето ќе служи како средство за врзување наместо јајца.

Сувите состојки измешајте ги во посебен сад и додадете го пирето од тиква, маслото и „отечените“ семки од чиа. Добро измешајте ја смесата, а ако е премногу густа додадете малку вода.

Смесата истурете ја во тавче обложено со хартија за печење и печете еден час на 180 °C.

Користете чепкалка за заби за да проверите дали лебот е готов. Оставете го да се излади пред сервирање. На здравје!