Се огласи и сестрата на Роналдо по трагедијата: Нашиот ангел е веќе во скутот на нашиот татко, објави и фотографија од братот и снаата

|

Се огласи и едната од сестрите на Роналдо за новороденото синче на брат ѝ, кое почина и притоа го спомена нивниот татко…

По објавата на Кристијано Роналдо за смртта на неговото новородено синче, се огласи и неговата сестра Катија Авеиро.

Таа, како и фудбалерот, нагласи дека другото здраво близначе, односно новородената ќеркичка на Роналдо, им е најголемата утеха во овие тешки денови

Катија објави фотографии од Роналдо и Георгина, со нејзините деца во раце, и во описот напиша:

„Ве сакам и моето срце е со вас. Господ нека се погрижи за сè и нека ви даде сила да го пребродите ова.

Нашиот мал ангел веќе е во скутот на нашиот татко, а нашето силно девојче е тука цврсто и здраво и ќе нè научи уште повеќе дека само љубовта е важна.“

Таткото на Роналдо почина oд откажување на црниот дроб на 52-годишна возраст во 2005 година, кога Роналдо имал само 20 години.

Катија инаку е португалска пејачка која ја започна својата музичка кариера во 2005 година под сценското име „Роналда“, инспирирана од својот брат Роналдо, а издаде и неколку албуми, но потоа повеќе не го користеше сценското име „Роналда“.

Таа има две деца и живее во Португалија. Има повеќе од 1.2 милион следбеници на Инстаграм.