Силен земјотрес повторно ја стресе Грција

ИЗВОРСкопје24
|

Силен земјотрес со јачина од 5.8 степени според Рихтер предмалку е регистиран во Грција.Истиот е на длабочина од 10км, 74 км од грчкиот остров Карпатос.

Информации за настанати штети сеуште нема.

Сличен по јачина земјотрес утрово беше регистриран во водие на Егејското море, земјотресот беше со интензитет од 5,1 степен по Рихтер, 78 километри југоисточно од островот Карпатос.

Во соопштение на Геодинамичниот институт од Атина се наведува дека епицентарот бил 492 километри југоситочно од Атина.

Нешто посилен земјотрес од 5,2 степени го погоди тоа подрачје на 28 јануари.