Скапи ПВЦ чевли и шешир со циркони– Еве колку чини елегантната комбинација за која сите зборуваат (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката беше од глава до пети во бела комбинација, а на лицето имаше мрежа која беше дел од уникатен шешир. Таа ги воодушеви сите со чевлите од познатиот моден бренд.

Се наведува дека цената на овој модел на чевли, кој е изработен од ПВЦ материјал и обложен со циркони, е 1.012 евра! Бидејќи ваков модел моментално не постои на официјалната веб-страница, можно е чевлите кои ги носеше Јелена да се направени посебно по нејзин вкус, а за вакви персонализирани парчиња цената може да биде само повисока.

Карлеуша носела и долг бел мантил за кој се вели дека чини 350 евра, додека за капа со мрежа на која се издвоиле циркони издвоила 14.000 динари односно околку 7.300 денари.

Кога се би се собрало, би достигнале бројка од повеќе од 90.000 денари, колку што Карлеуша издвоила за комбинацијата на облека во која се појавила на гласањето. И се чини дека вреди, бидејќи и сега сите зборуваат за овој стајлинг.