Скопјани се разбудија со топли радијатори

ИЗВОРТелма
|

Скопјани утрово се разбудија со топли радијатори и во топли домови, далеку потопли од изминатите неколку дена. Дента кога парното требаше да згасне, Владата превзеде обврска преку ЕСМ да раководи со БЕГ и да им обезбеди на скопјани топли домови до крајот на грејната сезона. Како и зошто БЕГ се доведе во оваа ситуација и кој ќе ја понесе одговорноста допрва ќе се одлучува.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, за Телма изјави дека превземањето на управувањето со трите субјекти на БЕГ, (Производство, Дистрибуција и Снабдување ) и со топлификација АД Скопје Север ќе биде во текот на идната недела бидејќи Владата треба да донесе одлука, а Владата допрва ќе се бира во Собранието утре вечер и додаде дека е сигурен во страбилизирање на состојбата во снабудавњето со топлинска и електрична енергија.

„Испораката на топлинската енергија во Град Скопје продолжува и понатаму, со зголемен интензитет и повеќе часови бидејќи сега парното ќе се гаси во 1 часот наутро заради превземната обврска од АД ЕСМ да ја превземе електричната енергија која ја произведува ТЕ – ТО а топлинската да оди према БЕГ. Исто така и со вчера потпишаниот договор со кој ТЕ – ТО се обврзува да работи и за викендите ќе допринесе за стабилизација“ – изјави Васко Ковачевски, директор на ЕСМ.

Ковачевски додаде дека гас з БЕГ е обезбеден до 21 јануари а потоа набавките ќе ги врши ЕСМ  по пониска цена

Владата вчера, буквално во последен момент, донесе одлука преку ЕСМ да го превземе БЕГ до крајот на сезоната преку Уредба за прогласување на кризна состојба на пазарот со топлинска енергија. Правата и обврските кои ќе настанат по превземањето ќе бидат на ЕСМ кое ќе го менаџира целокупното финансиско работење преку посебна сметка и за истото ќе доставува извештаи до владата во континуитет.

Од Регулаторна засега нема прецизни најави што ќе превземат откако беше утврдено дека БЕГ го прекршил законот со тоа што не оставил резерви мазут за три месеци работа.

Слжедната недела се очекува и информација од скопското Јавно обвинителство зошто и по три години сеуште е во предистрага предметот протв екс членовите на Регулаторна кои се соимничат бидејќи и ги подариле лиценците на БЕГ без да распишат тендер но и признале торшоци поголеми од дозволените со што овозможиле ектра профит на компанијата.

Огнен Чанчаревиќ