Скопје Сити Мол со дополнителни мерки на претпазливост се грижи за здравјето на граѓаните

ИЗВОРСкопје24
|

Скопје Сити Мол воведе дополнителни мерки на претпазливост со цел заштита на здравјето на граѓаните. И покрај тоа што од денеска го намали и ограничи работното време од 11:00 до 19:00 часот, шопинг молот, грижејќи се за јавното здравје и здравјето на сопствените посетители, апелира при секое влегување да се дезинфицираат рацете со средствата кои дополнително се поставени на повеќе места во објектот.

„Почитувани посетители, Ве замолуваме да се грижите за вашето здравје како и за здравјето на тие околу вас. При влез дезинфицирајте ги рацете и применувајте ги превентивните мерки, не го допирајте лицето ( очи, нос и уста) а доколку кашлате и кивате правете го тоа во подлактицата.

Скопје Сити Мол се грижи за здравјето на своите посетители, секојдневно ја дезинфицира својата површина.“ – стои во соопштението на Скопје Сити Мол.