Следната недела ЕСМ официјално ќе го преземе управувањето со БЕГ и топлификација Скопје Север

ИЗВОРСкопје24
|

Преземањето на управувањето со трите субјекти на БЕГ, (Производство, Дистрибуција и Снабдување ) и со топлификација АД Скопје Север се очекува во текот на претстојната недела, откако АД ЕСМ ќе ги добие од страна на Владата потребните одлуки и задолженија за спроведување на преземањето, велат од АД Електрани на Северна Македонија.

АД ЕСМ, во меѓувреме потпиша договор со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје.

-ТЕ-ТО, со договорот ќе го зголеми обемот на производство на електрична и на топлинска енергија, односно ќе работи со максимален капацитет, седум дена во неделата наместо пет дена како досега, во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. Електричната енергија ќе ја презема АД ЕСМ, додека зголеменото количество топлинска енергија кое произлегува од процесот ќе се испорачува кон БЕГ и Скопје Север, односно во топлинската мрежа во градот Скопје, посочуваат од АД ЕСМ.

-До денот на преземањето на БЕГ од страна на АД ЕСМ, сите трошоци за испораката на греењето во Скопје ќе ги сноси ТЕ-ТО, велат од компанијата.