СЛЕДУВА ПРОДОР НА НОВИ ВРНЕЖИ ОД МЕДИТЕРАНОТ – ОВОЈ ПАТ ПОРАДИ ДОПОЛНИТЕЛНОТО ЗАЛАДУВАЊЕ СНЕГ ПОНЕКАДЕ И ВО ГРАДОВИТЕ

|

Во следните часови, а особено во текот на денешната ноќ према утринските часови од утрешниот ден од Медитеранот на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд и снег на пониските места (градовите) и само снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Овој пат појава на мокар снег понекаде ќе има и во градовите, особено во јужниот, западниот и источниот дел од Македонија и таму се очекува формирање на мала снежна покривка (локално од 5 до 10 цм).

Врнежите ќе продолжат и утре, како и во петок, а посуво време барем одсега гледано ќе има за време на викендот.

Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.

Постудено особено наутро ќе биде за време на викендот и тогаш минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, а понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, на планинските места и под -10 степени.

Во Скопје ќе има врнежи од дожд со овој нов влажен Медитерански бран, но не се исклучува можноста повремено да има и појава на дожд и снег во делови од котлината, особено во повисоките предели. На околните планини ќе врне само снег.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!