Со овие пет брендови ќе возите најдолго кога ќе светне сијаличката за гориво

ИЗВОРСкопје24
|

Колку и да водите сметка за нивото на горивото во својот резервоар, често се случува да ви се запали сијаличката за „резерва“. Современите автомобили самите даваат информација уште колку километри можете да минете со преостанатото гориво, но тој податок често знае да биде неточен така што возачот често не може целосно да се потпре на него.

Кој автомобил, колку километри може да помине откако ќе се вклучи сијаличката за предупредување пред сè ќе зависи од стилот на возењето, конфигурацијата на патот, типот на автомобилот, погонското гориво, но многу значајно и од произведувачот.

Екипата на сајтот „Compare The Market“ тестирала 96 модели од 26 различни произведувачи за да утврди кои автомобили имаат најголема автономија на познатата „резерва“ и на основа на тоа направиле просек за секој производител.

Врз основа на овие податоци направиле конечна листа на пет најдобри и најлоши брендови кога е во прашање автономијата на „резерва“ и кај секого издвоиле и одреден модел кој посебно се истакнува.

НАЈДОБРИ 5 БРЕНДОВИ

BMW – Во првите пет е популарниот премиум од Баварија чии возила имаат просечна автоноија „на сијаличка“ од 87,3 километри. Шампион внатре во куќата е Seriеs 5 со 110 километри.

Volkswagen – На 4. место е гигантот од Волфсбург со просек од 87,6 километри. Најголемата автономија ја има Passat кој може да прејде 120 километри, а според тоа е рекордер меѓу поединечните брендови.

Lexus – Третото место на подиумот неочекувано го зазема премиум подбрендот на Toyota. Меѓу другите, моделот RX може да покрие 88,4 километри само со гориво на резерва.

Ford – Вицешампионот според километража кога свети „сијаличката“ е пионерот на современата автомобилска индустрија. Со автомобилите на Ford во просек можете да поминете 88,4 километри на резерва, а најдоверливиот модел е Mondeo со домет од 112 километри, а во чекор го следат и S-Max и Galaxy.

Volvo – Ако барате автомобил со кој најмалку ќе се грижите за тоа уште колку време имате за да пронајдете бензинска пумпа купете си Volvo. Просечната километража на автомобилот од производителот од Шведска на резерва е 94,7 километри. Најголемата автономија меѓу поединечните модели ја има V40, кој само на „резерва“ може да помине 113 километри.

Извор: 24ауто