Што ќе се случи со пештерата во која беа заробени момчињата?

Пештерата во северен Тајланд, каде што 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер беа заробени повеќе од две недели, ќе се претвори во музеј, соопштија официјални претставници.

Според информациите, музејот ќе покаже како се одвивала операцијата за спасување и дека тоа ќе биде “главна атракција” за Тајланд.

Најмалку две компании, побарале да снимат филм кој ќе ја раскаже приказната за спасувањето.

Момчињата сега се опоравуваат во болница. На видео снимка може да се види дека тие се во добра здравствена состојба и во добро расположение, но тие ќе останат во карантин една недела.

Водачот на спасувачката акција од пештерата во Тајланд, контраадмиралот Арпакон Јуконгкаев во детали ја опишува неверојатната акција која траеше неколку дена. Тренерот и дванаесетте момчиња поминаа 17 дена без храна и светлина во пештера поплавена од монсунските дождови на Тајланд. Сите се спасени, а најголема заслуга за тоа, вели Јуконгкаев, има 25-годишниот тренер.

-Среќен сум и верувам дека Тајланѓаните се исто толку среќни. Од првиот ден кога дознавме дека се заглавени и откако нашата единица е одредена за спасувачката мисија, имавме неколку пречки, зашто нивото на водата постојано растеше. Не се надевавме дека мисијата ќе биде олку успешна. Имавме малку надеж затоа што беа живи, тоа не тераше да продолжиме, вели тој и додава дека трошката надеж на крајот станала стварност.

-Морам да кажам дека се помина добро, сите се во добра состојба. Колку што разбрав, користеле камења за да ископаат тунел каде што ќе им биде потопло. Она што знам е дека тренерот бил монах, така што знаел доста техники за медитирање и ги користел за да ги смири децата и да штедат воздух.

Ја делеле храната шшто ја имале во пештерата.

-Едвај малку спиевме, зашто во пештерата се задржувавме до 22 или 23 часот, а кога ќе се вратевме, поспивавме неколку часа. Моевавме да мислиме за тоа како да се бориме со различните елементи.

Контраадмиралот зборува и за Саман Гунан, нуркачот кој го изгуби животот во акцијата. Бил во морнарица, но е пензиониран пред неколку години. За спасувачката мисија се пријавил доброволно.

-Мисијата беше многу ризичка, Нуркање во услови какви што досега никогаш не сме виделе. Сметам дека беше многу пожртвуван и неговата жртва е многу чесна. Тајланѓаните, но и луѓето од целиот свет го почитуваат. Не сме ние херои. Правевме што е во наша моќ, но единствено нешто што не можевме да направиме е да ги изневериме луѓето, вели тој.

Други спасувачи раскажуваат за „Гардијан“ дека акцијата з амалку ќе завршела трагично. Неколку часа по извлекувањето на последното момче пумпите за вода одеднаш престанале да работат.

Спасувачите во тој момент биле на околу 1,5 км од излезот на пештерата, кога главната пумпа престанала да работи. Поради тоа во пештерата дошло до нагло зголемување на нивото на водата. Тројца спасувачи од Австралија, кои се наоѓале во пештерата, рекле дека потоа слушнале врескање и виделе факели длабоко во пештерата и работници кои се обидуваат да дојдат до својот дел. Во тој момент во пештерата имало повеќе од 100 спасувачи и работници. За среќа, успеале навреме да излезат.