Стопирана е градбата на висококатницата кај Мајчин дом

Златко Марин, градоначалникот на Аеродром, на денешната прес-конференција информираше дека е стопирана изградбата на висококатницата кај Мајчин дом во Аеродром. Како што рече Марин, забраната е поради неправилности воочени од инспектор.

„Граѓаните се во право, борбата ја поддржувам. целосо сум на нивната страна. од нив сум избран да ги решам проблеми. Имав средба со инвеститорот и издавам решение за стопирање на градбата на 15 дена. Верувам дека ќе го најдеме решението. Преземам инцијатива за решавање на проблемот“, истакна Марин на денената средба со новинарите.

Тензично беше на протестот на граѓаните на Општина Аеродром кои вчера попладне се собраа на протест против изградбата на деветкатница кај „Мајчин дом“.

Тие се собраа околу тарабите со кои е заградена парцелата на која треба да се гради објектот и покрај обезбедувањето на полицијата, тргнаа да ги уриваат тарабите.

Инаку, насобраните граѓани го блокираа сообраќајот на булеварот Јане Сандански. Во барањата, освен за стопирање на изградбата на висококатницата, од иницијативата „Сакаме Аеродром да дише“, бараа оставка од градоначалникот Марин, посочувајќи дека никој не се грижи за здравјето на децата.