Студена вечер: Ова се моменталните температури во Македонија

Студенито бран кој ја зафати Македонија ги спушти температурите. Најстудено е во дебар каде има само 9 степени.

Инаку, на планините Златар и Копаоник во Србија заврна првиот снег. Студениот бран кој се спушти над регионот условува константни слаби врнежи од снег на овие врвови.

Врвот на планината Златар, Голо брдо на надморска височина од 1627 метри денеска целосно обеле, а иста е сликата и на планината Копаоник.

Температурата на Златар се спушти на неколку степени под нулата, а според изјавата на шумарот Гроздимир Грбовиќ, има неколку сантиметри снег, а во 11 часот температурата била околу нулата.

На оваа планина, според хроничарите не паѓал снег само во јули. Најрано заврнал снег на 19 август и тоа пред 70 години.

Ноќеска обеле и Копаоник, каде исто има неколку сантиметри снег. Вчера снег падна и на палнините во Босна и Херцеговина.

Ова не е прв снег годинава во регионот. Пред неколку недели снег беше регистриран на словенечкиот дел од Алпите.

Во Скопје ветрот сруши покрив во скопски Карпош и оштети 5 стана.

Силниот ветер кој вчера дуваше во скопски Карпош откорнал покрив на зграда на улицата Вранислав Нушиќ и додека паѓал искршил прозорци од 5 станови, објави прес24.

Читател на Press24 ја раскажува приказната.

„Им ги скрши прозорите и ролетните, стаклата се распрснати во кујните на станарите. Среќа во тој момент никој немало во кујните ниту пак некој поминал на улицата доколку било спротивно ќе имало жртви. Од ветерот летнал кровот и се удрил од зградата број 9 и почнал да се лизга и да паѓа надолу и лимот гребел по зградата. При паѓањето и кршењето на прозорите соседите претпеле голем страв и незнаеле точно за што се работи освен што виделе распрскани стакла на своите прозори.