Тестирајте ги вашите способности за перцепција: Дали можете да најдете 3 банани за 15 секунди?

|

Унгарскиот уметник и илустратор Џерџели Дудас, попознат како Дудолф, сака да ја предизвикува публиката да забележи скриени предмети со мозочните закачки што ги создава.

Овој пат си поигра со минионите со кои ја наполни сликата. Но, на неа има и три банани, кои малку потешко се забележуваат поради идентичната жолта боја која ја имаат и минионите.

Дали сте подготвени да се впуштите во лов на банани на оваа криенка?

За да ви помогнеме – тие не се блиску една до друга, што значи дека ќе треба повнимателно да ја погледнете илустрацијата за да ги забележите.

Ако не успеавте да ги најдете сите три банани меѓу минионите, погледнете го решението подолу.