Toма и Силвана никогаш не снимиле дует, „Поноч је“ ја напиша Жељко Јоксимовиќ за филмот

|

Иако беа најблиски соработници и пријатели кои животот и добар дел од кариерата го поминаа заедно, Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ (во филмот ги толкуваат Милан Мариќ и Тамара Драгичевиќ) никогаш не снимија дует.

Нивната љубов веројатно е прикажана во полн сјај онака силна како што била во реалниот живот, но сепак некои детали се додадени, а еден од нив е и песната „Поноќ“ која ја пејат уште од самиот почеток на филмот. Песната секако делува познато и е во стилот на Тома, но сепак тој никогаш не ја запеал.

Песната ја напиша Жељко Јоксимовиќ со помош на легендарниот Предраг Живковиќ Тозовац кој тогаш беше жив (кој пишуваше и за Силвана), а желбата на тимот беше песната да биде „народна од тоа време“, т.е. да звучи што поавтентично и пред се да ја покаже блискоста меѓу овие два лика.

Слушнете ја во продолжение: