Ученик од Карпош добил шуга, преземени мерки за заштита од зараза

Oпштина Карпош информира дека се преземени мерки на дезинфекција и дезинсекција за целосна заштита на учениците за да се спречи ширење на заразата во просториите на училиштето.

– Известени се и матичните лекари од подрачјето на населбата Козле, кои преземаа мерки за интервентни прегледи на останатите ученици. Во овие моменти состојбата е стабилна и нема нови случаи на појава на шуга кај други ученици, наведува Општината во соопштението.