УХМР: Претпладне сончево и топло, попладне со услови за дожд, температурите до 34 степени

|

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветар.

Дневните температури ќе биде во интервал од 27 до 34 степени, додека вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност и услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, а локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.