УХМР со тридневна временска прогноза – До понеделник сончево време, потоа не очекува снег

ИЗВОРСкопје24
|

Денес не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60км/ч.). Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. T= 9 °C, P= 990 hPa, U= 40 %, V= 4 m/s.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Промени се очекува во понеделник, кога времето ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Во текот на ноќта во северните делови ќе има локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег.