Уште едно ново бебе во ЗОО Скопје

Зоолошката градина во Скопје објави на социјалните мрежи дека има ново бебе меѓу животните.

-Ново бебе во Зоо Скопје во фамилијата берберски овци, стои во објавата на Фејсбук.

Пред извесно време на свет павијанка донесе мало преслатко бабунче. Од зоолошката тогаш изјавија дека таткото се уште е збунет, но веднаш се фатил во акција па не го испушта малото од раце.

-Таткото павијан се покажа како вистински родител и тој заедно со мајката го лула малото бабунче, го чува и се грижи за него, велат од ЗОО Скопје.

Двајцата партнери павијани со години живеат заедно и одвоени во свое живеалиште. Раѓањето на бабунчето на официјалниот ФБ профил на зоолошка го честитаат љубителите и посетителите на ЗОО Скопје.

Неодамна во зоолошката се роди и бел албино кенгур кој стана вистинска атракција за посетителите.

Зоолошката градина работи 365 дена во годината. Работното време е од 09:00-18:00, а билетарата работи до 17:00.

Врати отворени и за најмалите и за најстарите.