Видеото на Шерифовиќ од кревет ги разбранува социјалните мрежи – бушавата пејачка трие очи и воздивнува (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Познато е дека пејачката Марија Шерифовиќ повеќе ги сака летните денови отколку зимските, а тоа го докажува и ова видео.

Имено, Марија на социјалната мрежа Инстаграм објави видео од кревет на кое е бушава и со темни кругови, видно ненаспана.

На видеото таа ги трие очите и воздивнува, негирајќи дека треба да стане од кревет, иако е 12 часот. Инаку, пејачката повеќе пати потенцираше дека не сака денови кои не се сончеви и топли.

– Кој друг се чувствува како да испаднал од авион – напиша Шерифовиќ како коментар на објавеното видео.

„Дождлив, маглив и тажен ден и јас се чувствувам исто“, се дел од коментарите, а голем број фанови забележаа во видео колку килограми изгуби пејачката за многу краток период.Видеото можете да го погледете со клик ТУКА.