Внимавајте: Маж фатен со куп фалсификувани евра – не се знае колку се пуштени во оптек

|

СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.И.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 25.08.2022 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле 29 банкноти во апоени од по 100 евра, за кои по извршено вештачење од Народна банка на Република Северна Македонија било утврдено дека се фалсификати.

Со оглед на тоа дека поседувам повеќе фалсификувани апоени во себе, се поставува прашањето дали и колку претходно веќе пуштил во оптек.