Во недела попладне и во понеделник дожд на пониските и снег на повисоките места

|

Долж Повардарието и во источните делови утре ќе дува засилен северозападен ветер.

Во сабота времето ќе биде претежно облачно, а во недела и во понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Како што најавуваат од УХМР, на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег каде ќе се формира снежна покривка.

И метеорологот Славчо вчера излезе со слична прогноза.

Во Скопскиот регион продолжува периодот на МНОГУ променливо време. Како што информираше, денес ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за повремен дожд со послаб интензитет. Температурите понатаму ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени. Наутро пак истите ќе бидат ПОНИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени.