Водителката Милена објави прва фотографија од ќеркичката Јоана – ова е љубов

ИЗВОРСкопје24
|

Милена Антовска и нејзиниот сопруг Гордан оваа година станаа родители на својата втора ќеркичка. Името кое таа го доби е Јоана, а нивната постара ќерка Лана Марија си доби сестричка.

Милена за својот 35-ти роденден го доби најубавиот подарок – ќеркичка. Водителката ужива во љубовта и топлата енергија со двете мали наследнички. Таа е посебно активна на социјалните мрежи па често споделува заеднички фотографии, снимки на кои покажува како го поминуваат заедничкото време со семејството.

Брзо по породувањето, Милена ја објави првата фотографија од Јоана, на неа се гледа како малата Јоана се држи за раче со својата постара сестричка. Преслатко!