Воопшто не се плашам: Нора Шаќири во домашна изолација во деветтиот месец од бременоста

ИЗВОРСкопје24
|

Водителката Нора Шаќири, која сега работи во секторот за односи со јавност во Министерството за култура, вели дека тешко ѝ паѓа изолацијата во деветтиот месец од бременоста, но дисциплинирана е и максимално внимава на себеси.

„Што мислите, како е да си бремена и уште во карантин?“, изјави Нора.

„Веќе десет дена не сум излезена од дома. Влегов во деветтиот месец, и носам машко дете. Воопшто не се плашам, но максимално внимавам на себе како и пред да се појави чудово од вирус. Стандардно пијам витамини секое сабајле, и јадам многу зеленчук и овошје. Излегувам ептен кога морам, на контрола и слично. Сега ќе почнат и ЦТГ прегледите па веројатно ќе морам многу почесто да излегувам. Главно седам на тераса, впивам сончева енергија, полека се подготвувам за доаѓањето на бебуш, местам и разместувам по дома и така ми поминува времето“ , раскажа Нора за Женски магазин.

„Паника кај мене нема, единствено што јас целата бременост бев многу активна и сакав така да остане до крајот, но ете, така е што како е. Во божји работи не се мешам, па како каже Бог така ќе биде, а јас се надевам само на најдоброто и за мене и за сиот свет“, додава Нора и вели дека нема страв од одењето во болница кога има закажан редовен преглед.

„Не се плашам. Сега треба сите да останеме здрави во главата и позитивни, инаку ќе полудиме и ако кивнеме“, вели Нора. Она што најмногу ја опушта во овие моменти е музиката и времето поминато со сопругорт, музичарот Марко Марковиќ и позитивниот дух кој е нејзино обележје.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин ТУКА.