Вртоглава сума платена за автомобилот: Фордот што го возела принцезата Дијана продаден на аукција

ИЗВОРСкопје24
|

Личниот автомобилна принцезата Дијана од 1985 до 1988 година, бил купен од анонимен купувач денеска на аукција одржана недалеку од Лондон. Тој платил вкупно 737.000 фунти.

Почетната цена на автомобилот била 100.000 фунти, а конечно бил продаден за 650.000 фунти, на кои мора да се додадат разни дополнителни трошоци и ДДВ.

Дијана сама го возела овој автомобил додека возела низ улиците на Лондон, иако постојано била придружувана од телохранител, велат од Silverstone Auctions,

Колата е во одлична состојба, црна боја и има поминато само 40.000 км. Меѓу другите, автомобилот го користел принцот Вилијам, втор по ред за тронот.