„WhatsApp“ наскоро добива пет значајни нови функции

|

Судејќи според моментално активните бета варијанти на познатата апликација за пораки, ова се најкорисните функции кои наскоро би можеле да пристигнат во „WhatsApp“.

Иако секој ден гледаме нови функции кои доаѓаат на „WhatsApp“, изгледа дека „Мета“ не планира да престане. Благодарение на информациите од веб сајтот „WABetaInfo“, дознавме кои функции би можеле да ги добиеме наскоро. Секоја од нив, се разбира, треба да се земе со резерва – „Мета“ често ги менува плановите, што значи дека некои од овие опции можеби нема да стигнат до официјалната верзија на „WhatsApp“.

Погледнете кој ја напуштил групата

Со новата функција, достапна за модераторите на групите, ќе може да се провери кој ја напуштил нивната група. Информациите за датумот, секако, нема да бидат видливи за другите учесници во групата, пишува „The Sun“.

Зачувајте ги разговорите пред да ги избришете

Можноста за бришење разговори го промени „WhatsApp“, но компанијата сега оди чекор понатаму и ја тестира опцијата за задржување на дел од пораките. Да ве потсетиме, сега можете да изберете дали сакате пораката да исчезне по 24 часа, 7 дена или 90 дена, но потенцијалната надградба ќе додаде и опција за задржување на некои пораки, секако со одобрение од другите соговорници.

Аватари за видео разговори

Доколку не сакате да го покажувате вашето лице во видео разговори, „Мета“ има решение. По една од следните надградби, корисниците ќе можат да ги приспособат своите аватари по примерот на „Memoji“ на „iPhone“.

Реакции на статуси во форма на емотикони

„WhatsApp“ неодамна додаде емотикони за реакции на пораките, но бета верзијата оди понатаму и го применува истиот метод за статуси. Реакциите ќе функционираат на ист начин како и „Instagram Stories“, што не е изненадувачки ако се има предвид дека имаат ист сопственик.

Стелт режим

Уште една добра карактеристика, за оние кои сакаат приватност, доаѓа во форма на „стелт режим“ што во основа дава можност за користење на апликацијата со скриен статус за онлајн присутност.

Извор: Б92