Жан Митрев се огласи за првпат од почетокот на епидемијата – Препораки како против коронавирусот (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Познатиот доктор Жан Митрев, за првпат од почетокот на епидемијата, се огласи и го кажа своето мислење за болеста која се прошири низ целиот свет.

„Повеќе медиуми побараа мое мислење за оваа состојба, за тоа како можеме да го победиме овој монструм од вирус“, вели докторот во своето излегување.

Според него, вирусот својот главен и природен ресурс го нашол во лилјакот, но сепак, животното не се разболува од него, иако е цицач како нас.

Доктор Жан Митрев препорачува на свежото време никако не треба да се излегува по надвор, бидејќи свежото време на вирусот му го олеснува патот до белите дробови.

-Никако не треба да се прави никаква физичка активност надвор. Зошто? Затоа што со било која физичка активност, движење, шетање надвор, така наречено на свеж воздух, значи на ладен воздух, а со тоа ако сте позитивни, а со самото тоа патот на вирусот за спуштање до плуќата повозможен. Затоа, јас би препорачал, покрај изолација и седење дома, никако вежбање надвор, или било какви спортски активности, или било каков напор, или вопшто да се излегува надвор додека е свежа, затоа што сето тоа може да го убрза процесот на инфекција, вели доктор Жан Митрев.

Во продолжение можете да го погледнете целото видео со препораките на доктор Жан Митрев: