Започна снимањето на новата сезона на „Брза кујна“: Кој ќе го замени Марк? (ФОТО)

|

Септември е пред нас за само неколку дена, а со тоа доаѓа и почетокот на новата сезона на најгледаното кулинарско шоу во Македонија – Брза кујна. Секако пред истите да почнат да се имитуваат, тие мораат да бидат снимени од крајот на летото. Како што не информираше водителката Сања тие веќе го започна снимањето на осмата сеозна која ќе се емитува на телевизија Сител.

На своите позиции се водителката Сања Савеска и во тимот на доматите веќе препознатливиот шеф Никола, но за жал на многумина оваа сезона на ТВ екраните нема да го гледаме шеф Марк.

Причината за неговото заминување не е точно позната, но како што самиот изјави се насочува кон нови предизвици, а на негово место веќе има нов шеф кој пак го прифати предизвикот да биде нов пред камерите и замена за Марк.

Како што споменавме, снимањата започнаа во студиото на телевизија Сител, а водителката Сања ја објави првата фотографија со новиот шеф.

Интересно беше тоа што идентитетот на главниот од тимот на пиперките засега останува мистерија, бидејќи шефот се фотографираше со хартиена кеса на главата, па неговиот лик остана непознат.

За потсетување, досега во „Брза кујна“ во неколку емисии имаше засилување од шефовите Бобан и Фиќо, а се смени и водителката Александра Илиевска на чие место дојде Сања Савеска.

Кој ќе биде новиот шеф, останува да почекаме до почетокот на новата сезона.