„Жив срам за Македонија“ – Моника Јовановска со порака за политичарите кои праќаат непристојни предлози

ИЗВОРСкопје24
|

Моника Јовановска, позната во јавноста поради учеството во српското реално шоу „Задруга 5“ на својот профил на Инстаграм објави порака во која вели дека ќе ги објави сите политичари кои и пишуваат непристојни пораки.

Јовановска во својата објава вели дека и нудат пари, автомобили, дека и праќаат фотографии и на крајот им порача дека се срам за Македонија.

„Овие нормалниве луѓе ги објавувам затоа што е смешно, ама овие некои од политичариве што ми даваат понуди, праќаат слики, пари, вечери, кули и градови за една вечер со нив како јас да сум којзнае што, наскоро ќе ги објавам со слики и скриншоти… Зашто мислат дека се многу паметни и дека со пари можат се да направат. Жив срам за Македонија”, стои во објавата на Моника.